Најсреќниот човек на земјата е оној кој успеал да се моли со срцето...


 



Најсреќниот човек на земјата е оној кој успеал да се моли со срцето




Покрај нашите молби во нашата молитва, да имаме и дел молби за луѓето кои не го познаваат Бога. Тоа е практична љубов кон ближниот.

Најсреќниот човек на земјата е оној кој успеал да се моли со срцето. Тогаш човекот преку чувството на своето срце ќе сфати дека навистина Царството Небесно е во нас, бидејќи со молитвата на срцето Самиот Христос се устоличува во срцето на човекот.


Уста која секогаш му угодува на Бога, нема да биде лишена од Божјите благослови и уста што ропта и го повредува Неговиот голем Добротвор, невозможно е Бог да не го казни.


Потребно е христијанинот да научи да се бори, да се бори против своите непријатели. Непријателите на христијанинот не се луѓето околу него. Непријателот на христијанинот е ѓаволот, тој е светот со својот грешен став. Непријателот на христијанинот е самиот тој со неговите слабости и страсти.


Колку се „чисти“ нашите дела зависи од тоа колку се чисти нашите срца.



Старец Ефрем Филотејски и Аризонски 

Comments