Таа е нашата радост и надеж...


 





Таа е нашата радост и надеж



И самото повикување на Нејзиното име го засладува моето срце.

Ах, да знаевме колку Богородица ги сака сите оние кои ги пазат Христовите заповеди и колку жали и тажи за оние кои не се каат! Го пробав ова со моето искуство.

Навистина, Таа е наша помош пред Бога и само Нејзиното име ја радува душата. Но целото небо и целата земја се радуваат со Нејзината љубов.

Восхитувачка и неразбирлива работа. Таа живее на небесата и непречено ја гледа славата Божја, но не заборава на нас сиромашните и со својата милост ја прегрнува целата земја и сите народи.

И Господ ни ја даде оваа Пречиста Мајка.

Таа е нашата радост и надеж.

Таа е нашата духовна Мајка и ни е блиска....



Свети Силуан Атонски 

Comments