Добронамерната Божја промисла и злобата на непријателот..


 



Добронамерната Божја промисла и злобата на непријателот..



Искушенијата што ни доаѓаат понекогаш се „противмерката“ што Бог ја дава за болестите на нашата душа и ни помагаат многу духовно! 

 Бог, се разбира, знае во каква ситуација се наоѓа секој од нас, но бидејќи не знаеме, дозволува да бидеме тестирани, да се спознаеме себеси, да ги најдеме страстите што се кријат во нас и да не поставуваме неразумни барања до Судниот ден! Зашто, дури и да ги превиди нашите страсти и да нè земе како што сме во Рајот, ние сепак и таму ќе создаваме проблеми. Затоа Господ му дозволува на ѓаволот овде да создава искушенија, да нè исчисти од прашина, за да ни ја смири и очисти душата со таги, па потоа и со благодат!

 Вистинската радост се раѓа, од горчината што се вкусува со радост, за Христос кој се огорчи да не спаси!!!  Христијанинот треба да биде особено среќен кога ќе го најде некое искушение, без тој да даде причина! Дали некогаш му велиме на Бога:

Боже мој, не знам што ќе правиш, ти се предавам гол, за да ме направиш човек!!!

Значи Господ оди да ме направи не само човек, туку и натчовек и ѓаволот доаѓа да ме задева и да ме натера да патам! Сега ги гледам неговите лузни и се смеам!

Најдете го ѓаволот…

Знаеш ли со каков „сапун“ го мие ѓаволот човекот, кога Господ дозволува да биде искушуван, да се тестира??

Со пените на неговата злоба…

Има „добар сапун“...

Како што се пени камилата кога е лута, така и ѓаволот во такви случаи... И потоа го трие човекот, не за да му ги отстрани дамките и да го очисти, туку од злоба... А Бог, сепак, му дозволува на ѓаволот да го трие човекот, доволно, додека ги снема дамките и стане чист!! Да го остави ѓаволот да го трие како што се тријат алиштата, ќе го распарчеше човекот...!!!


Свети Пајсиј Светогорец 


Comments

Post a Comment

Напиши коментар