Ти благодарам Господи за се...


 



Ти благодарам Господи за се...



Господи, сета природа го слави Твоето Свето Име...Сè си создал со ред, хармонија, рамнотежа и убавина.

Ти Семоќен Боже, ме постави на земјата. Ти, Господи, го поправи небесниот свод заради мене.

Секој ден ми ја палиш сончевата светлина. Ги правиш изворите да пукнат со жубора вода.

Со Твојата Божествена и Добра волја си ги создал дрвјата со нивните плодови, зелените пасишта, прекрасните и миризливи цвеќиња.

По Твојата Божествена заповед, на земјата се појавија секакви животни, мали и големи.

На крајот, Ти ме создаде независен и со бесмртна душа, а ме направи владетел на сите Твои созданија.

Сè околу мене е капка од Твојата љубов.

И живите и неживите, и планините и морето, и зајдисонцето и ѕвезденото небо.

Затоа и јас Те прославувам и Ти благодарам за она што ми го даде.

За природата што ја создаде и ми даде да уживам и да управувам со љубов и грижа и да ја разберам големината на Твојата љубов.

За сонцето кое ја шири својата светлина насекаде. За миризливи цвеќиња. За птиците и животните кои ме забавуваат и ме учат.

За пријатните и непријатните работи во животот, кои ми зборуваат за Твојата љубов и моето срце е трогнато.

За сето тоа Ти благодарам и Те молам да ме помилуваш Господи и да ме просветлиш за да живеам според Твојата волја и да уживам во се што ме опкружува.

Дури и да ги ценам, заштитувам и да им се восхитувам на сите Твои созданија, за да не бидам отсечен од нив, бидејќи тоа ме оддалечува од Тебе, мојот Татко, мојот Заштитник и Создател . 


Амин


Comments