Од доброто доаѓа добро, од злото никогаш не доаѓа добро...


 



Од доброто доаѓа добро, од злото никогаш не доаѓа добро...


Христовиот пат е да ги сакаме сите луѓе и оние што нè сакаат и оние што нè мразат.

Бидете нежни и ако другиот ве навреди, не сакајте да му се одмаздувате, туку простете му и покажете му добрина.

И со љубовта што ќе му ја покажете ќе го обврзете да ви се извини, доколку секако е човек со совест.

Зошто, деца мои, од доброто доаѓа добро, од злото никогаш не доаѓа доброто.

Затоа и вие не се расправајте со човек кој ќе ве изнервира, бидејќи злото ќе се умножи, туку покажете му добрина, за да се смири и да имате награда од Бога.

Носете ги товарите еден на друг, ни вели Христос.


Свети  Георгиј Карслидис

Comments