Прости ми сине!...


 



Прости ми сине!


Како Господ го вразумил заблудениот татко, кој го напуштил своето семејство

Ова се случи пред неколку години. Случувањата ми ги раскажа брат ми во Христа, монахот Парамон. Тој е едноставен и вреден монах. Целиот негов живот е полн со чуда, па секогаш е интересно да го слушате. Веднаш ќе кажам дека не се работеше за фалење од негова страна, туку само обичен пријателски разговор меѓу стари пријатели кои се познаваат долго време.

Мајката на отец Парамон е голем верник, побожна жена. Така, иако била мажена, таа водела живот повеќе сличен на монашкиот живот.

Отец Парамон рече дека неговата мајка многу се плашела од породување додека била бремена и со солзи и молитви се обратила кон Богородица да и ги олесни маките. И во сон ѝ се јавила Величествената  која ја благословила и и кажала дека ќе се породи на Преображение, што на крајот и се случило. Тој сон ја охрабрил мајката на Парамон, и дал сила и ја ослободил од внатрешниот притисок.

Семејниот живот на неговите родители не можеше да се нарече идеален. Како што рече отец Парамон, кавгите не ги одминаа. Така поминаа годините... Отец Парамон го замени татковиот дом за монашкото семејство на Отецот Небесен. Кога веќе се замонашил, дознал дека татко му го напуштил семејството, престанал да помага финансиски, што многу им го отежнувало животот на семејството на отец Парамон, бидејќи недостигаа пари за лекови за неговата болна баба. Сите беа на работ на очај.

Отец Парамон бил преплашен од помислата дека тој лично не може финансиски да му помогне на семејството. Но, тој, како и досега, не престана да се надева. Тој бил убеден дека кога отишол во манастирот, Бог ја презел на Себе грижата за неговото семејство и знаел дека тие се во сигурни раце. Неволно се сеќавам на приказната од Старечникот за еден монах кој морал да го напушти својот манастир за да се грижи за своите родители. И кога тој монах влегуваше во својот дом, на вратата го пречека Ангел. "Каде појде?" - прашал монахот. А Ангелот одговори дека повеќе не е потребно да живее во овој дом. Сè до тој момент, кога монахот бил во манастирот, Ангелот им помагал на неговите, но сега кога го изневерил својот завет и се вратил кај своето семејство, Ангелот веќе не можел да остане во неговата куќа.

Како што се сеќава отец Парамон, тоа беше за време на Великиот пост. На Велики петок, кога оплакувањето на целиот христијански свет е насочено кон гробот на Спасителот, отец Парамон почувствува длабока болка и поради неговата внатрешна семејна трагедија. Тивко, поклонувајќи се пред Покровот, тој рече: Господи, помогни! Нема такви луѓе кои би можеле да им пружат материјална поддршка на моите роднини. Заминав од тој свет, но должен сум да се молам за него, во кој спаѓаат и моите родители.

Велика сабота е. Ѕвони телефонот. Отец Парамон слуша запрепастен глас.

 Сине, прости ми, - пелтечеше татко му.

 Што се случи? Го праша отец Парамон.

 Ноќе додека спиев нешто ме пикна во страна. Ги отворив очите и видов пред мене суштество обвиено со бела светлина, кое личеше на Ангел. Ми рече да и помогнам на мојата сопруга, која е мајка на монах.

Понатаму, преплашениот татко зборуваше многу за зборовите на таинствениот странец, за кои немаме право да пишуваме во овој текст.

Монахот Парамон му дал неколку совети на својот татко, тој се помирил со сопругата и го исполнил заповеданото. Од тој момент, односите во семејството почнаа да се смируваат. Таткото на отец Парамон стана црковен човек и живее според Христовите заповеди.


Монах Варсонуфиј (Кузнецов)



Comments