Двајца браќа...

Си биле еднаш двајца браќа кои живееле на соседни фарми и кои се скарале.


Тоа била прва озбилна кавга за четириесет години,колку што живееле еден покрај друг,делејки алат,помагајки си еден со друг.


А потоа тој мир е нарушен.Се започна од мало недоразбирање кое водеше до голема кавга и груби зборови после кои следуваа недели поминати во молк.


Едно утро , некој затропа на вратата на Јован.Отвори и виде човек со столарски алат.


-Барам работа.-рече.Можеби овде на твојата фарма може да се најде некоја работичка за мене?


-Да,рече постариот брат.Знам што би можел да направиш за мене.Ја гледаш ли онаа куќа од другата страна на потокот?


Таму живее мој комшија,всушност мојот помлад брат.Минатата недела помеѓу нас имаше ливада,но тој копаше од реката до овде и сега меѓу нас е поток.


Тоа го направи за да ми напакости,ама ќе му вратам јас.....Ги гледаш ли оние трупци покрај шталата?Сакам да ми направиш ограда од два метри за да не го гледам ни него ни неговата куќа.


Столарот рече:


-Се ми е јасно.Дај ми шајки и бушилица и ќе видиш колку убаво ќе го направам тоа.


Постариот брат мораше да појде до градот,така да му го даде на столарот потребниот матерјал и замина.Столарот цел ден вредно работеше ,мереше ,сечеше.


На зајдисонце,кога се врати постариот брат,столарот веке ја имаше завршено работата.Се запрепасти!Ограда воопшто немаше.Тој направил мост кој ги спојуваше двата брега на потокот.Мостот беше прекрасен,а од другата страна му се приближуваше неговиот помлад брат со ширум раширени раце.


-Навистина си прекрасен човек кога направи мост после се што ти реков и направив.-рече помладиот брат.


Браќата стоеја секој на својата страна на мостот,па полека тргнаа еден кон друг во пресрет.Видоа како столарот ја крева кутијата со алатот и тргнува.


-Еј, почекај!Остани неколку дена кај нас,има уште многу работи кои може да ги направиш.-рече постариот брат.


-Со задоволство,рече столарот,но морам да направам уште многу мостови



Comments