Човекот ќе го најде Царството Божјо во себе
Човекот ќе го најде Царството Божјо во себе. Слезете во своето срце и во него ќе најдете скала за искачување во Царството Божјо, советува Свети Исак Сирин.
Светото Писмо нè учи дека Царството Божјо е праведност и мир и радост во Светиот Дух. Првиот чекор кон заедницата со Бога е целосно да се предадете во рацете на Бога. И тогаш Бог работи. Заедницата со Бог значи дека Господ престојува во нас, дејствува во нас, нашиот дух се облекува во Него, Тој го контролира нашиот ум, волја и чувства. Тогаш ние стануваме спремни инструменти во Неговите раце – движени од Него во мисли, желби, чувства, зборови и дела.
Како може човек кој достигнал висок степен на духовност да се заштити од гордоста?
Не е толку тешко. Заедницата со Бога е нормална душевна состојба, човекот е создаден за таков живот. Но гревот го одвои човекот од него. Ние само се обидуваме да влеземе во нормална здрава состојба на умот.
Старец Тадеј
Comments
Post a Comment
Напиши коментар