Побарајте ги Златните луѓе....тука се ...околу нас....

 



Златни луѓе


Има луѓе кои го предизвикуваат и поттикнуваат најдоброто во нас и другите луѓе,

само...тие луѓе неможат да се откријат на прв поглед.


Тие не сакаат да носат злато и сребро а по нивниот сјај можеби сте ги препознале ,едноставно,по ништо не се истакнуват од другите луѓе....


А сепак,ни го прават животот поубав,посветол,поисполнет,со цел и благодарност.Понекогаш можеме да ги препознаеме по насмевките на оние околу нив,луѓе или деца,по ведрите лица со кои се окружени,по среќните приказни или песни.


Во нивна близина нема омраза,лутење или лоши зборови.

Опкружени се со добрина,а такви луѓе има во секој град.

Тие не учат како да живееме,како да се радуваме,како да сакаме.


Се викаат Златни луѓе.

Секој ќе сретне некој златен човек,а за тоа немора ни да биде свесен.

Но,траг од таа средба ќе остане.

Ќе го препознаете по очите што сјаат и по насмевката што останува на лицето,

по убавото,смирено и исполнето чувство на среќа во градите .


Побарајте ги ,,Златните луѓе....тука се ...околу нас....


Comments