Да не го осудувате ближниот...

 




Да не го осудувате ближниот


 Да имав љубов и сочувство и љубов кон ближниот, не би размислувал за грешките на ближниот;  љубовта ќе ја покрие секоја грешка, како што правеа Светителите кога ги видоа гревовите на луѓето.

 Дали Светите се слепи и не ги гледаат гревови?

 А кој го мрази гревот како Светителот?

 Сепак, тие не го мразат грешникот, ниту го осудуваат,

 Ниту го мразат, туку страдаат со него, го советуваат, тешат, го лекуваат како болен дел од своето тело,

 Прават се за да го спасат…

 Со долготрпеливост и љубов го привлекуваат својот брат и не го отфрлаат и не се гнасаат од него.

 Како што мајката која има грдо дете не го мрази и не го избегнува, туку со задоволство го украсува и прави сè што може за да го разубави, така Светите секогаш покриваат, украсуваат, чуваат, за да може да се исправи оној што греши во вистинско време... и никој друг да не страда поради него, туку повеќе да се пребива во љубовта Христова.


 Авва Доротеј

Comments