Дали може една мајка да не ја слушне молбата на своето дете?
Дали може една мајка да не ја слушне молбата на своето дете?
Никако,ако детето го тражи онаа што е за негово добро и што е спасоносно.
Затоа ве молам кога и се обраќате,молете се за онаа што е најпотребно.
А тоа е спасувањето наше, духовно оздравување душевно и телесно.
А за се друго Мајката Божја ке го измоли својот Син да ви даде се што го молите.
Да го бараме онаа што ние е најпотребно-Царството Небесно,да бараме спасение,заштита и покров на Мајката Божја.
Браќа и сестри,Мајката Божја не стави во родбинска врска со Бога,преку неа станавме деца Божји, а таа ни бидна наша Мајка.
Затоа мајки,сегашни и идни имате сега каде да се молите, имате каде и пред кој да клекнете да молите за вашиот пород да биде благословен, да ви бидат деца здрави,да ви децата раснат во чистота во чесност и чедност.
Застапничката на родот Христијански ја гледа секоја солза, ја слуша секоја молба која и е упатена кон неа,зошто и самата ги вкуси сите маки на овој живот.
На неа и се омилени оние кои се трудат во борбата со страстите и кои се ревносни за Богоугодниот живот.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар