Во Православната Црква постои борбена тактика која ни дава корисни начини како да му се спротиставиме на гревот и на крај да го победиме. Неможеме само да им кажеме на луѓето "повеќе да се потрудат" туку ќе им кажеме и на кој начин. Ќе им дадеме оружје со кое ќе му се спротистават на гревот и да излезат од борбата како победници...
Во Православната Црква постои борбена тактика која ни дава корисни начини како да му се спротиставиме на гревот и на крај да го победиме. Неможеме само да им кажеме на луѓето "повеќе да се потрудат" туку ќе им кажеме и на кој начин. Ќе им дадеме оружје со кое ќе му се спротистават на гревот и да излезат од борбата како победници.
Ќе разгледаме дванаесет начини кои на Православниот можат да му користат во борбата против гревот и страста. Овие се испробани и посведочени методи кои даваат резултати:
1. Не дозволи поради фантазијата да напакуваш долг кој неможеш да го платиш.
Ако не си венчан(а) не фантазирај за полните односи. Никогаш.Стражари над помислите.
Ако си во брак а твојот брачен другар моментално е отсутен немој да потрошиш ниту десет секунди мислејќи на полен однос,дури ни со сопругот/сопругата.Стражари над помислите.
Ако си во брак и брачниот другар тие достапен тогаш редовно можете да имате брачен однос.Така ќе ги намалите опасностите од безакони искушенија.
2. Избркај ги птиците.
Постои изрека: Неможеш да ги спречиш птиците да не ти летат над главата но можеш да ги спречиш во косата ти направат гнездо. Тоа веќе не зависи од лошите помисли, ѓаволот оваа може да ти го направи и без твојата согласност. Страсните помисли ќе ти се јавуваат секогаш во твојот ум. Немој поради тоа да чуствуваш кривица.
Онаа што ти се заканува е осуда на твојот одговор на помислата. Тогаш кога грешната помисла ќе ти се јави во ист момент " избркај ги птиците" свртувајќи го внимание на нешто друго, посветувајќи му се во потполност.
3.Не е секое свртување на внимание подеднакво корисно.
Некои активности како трчање или кревање на тегови бараат доста физички напор и многу малку умствен напор. Дури и додека се занимаваш со овие работи умот и понатаму може да ти скита во непожелна насока. Други активности како пишување, решавање на математички проблем или читање на добра книга, толку силно ги окупираат мислите така да неможеш истовремено да мислиш за нешто друго.
Се додека се фокусираш на математика, филозофија, блудните помисли ќе бидат подалеку. Ако пробаш со трчање или вежбање и тоа не ти помогне ти пробај со некои други активности.
4. Веднаш тоа исповедај го.
Обрати му се на некој кој е во верата и во кого имаш доверба, на свештеникот ако е можно и кажете му: "Пак сум во искушение".
Зачудувачки е како исповеста ја ослабнува непријателската сила и успева да го отера ѓаволот на некое време.
5. Веднаш побарај друштво на другите луѓе.
Кога се наоѓаш во присуство на други луѓе и со нив водиш разговор истотака лесно можеш да ја избегнеш незаконската страст
6. Читај го Светото Писмо и делата на Светите Отци.
Секако, ти "веќе знаеш за што тие пишуваат".
Но прочитај ги пак. И пак. И пак. Ќе ти биде од корист.
7. Пости.
Светителите се сложуваат дека премногу внесување на храната е поврзана со страста. Така со воздржување од храната се бориме против страста. Ако се воздржуваш од храната тоа ќе ти помогне да се подвизуваш и на друг начин, посебно кога во прашање е телото.
8. Немој да го храните зверот.
И пак стражари над помислите. Немој да гледате филм или програм во кој има разврат или разголени убавици. Дури и ако ги видиш на неколку секунди мозокот овие слики ќе ги запомни и ќе ги чува со часови или години. После тоа, кога ќе останеш сам или ранет, умот овие слики ќе ги врати да те мачи и искушува. Затоа, пред се, избегнувај ги овие предизвикувачи.
9. Гледај ги Православните икони.
Гледај го Крстот.Бог низ Крстот чудотвори и ти порачува: Твојот грев можеби е силен, но не е посилен од Крстот. И другите икони се добри од истите причини.
Запомни порнографијата е иконографија на ѓаволот. Бог е Оној Кој ни ги подари иконите, и тоа го направи зошто сликите се многу силни. Исполни го својот ум со осветените икони Бог може да ги искористи да ги отфрли другите неблагодарни приказни.
10. Биди верен дури и кога не чуствуваш потреба за тоа.
Не се работи секогаш за твоите чувства.
Можеш да покажеш верност на дело и покрај тоа што чувствата не ти се насочени таму кај што треба. Биди упорен во тоа и чувствата со тек на времето ќе се вратат.
Нивната намена е да те пратат а не да те водат.
11.Моли се.
Не војувај сам против страста.Заплачи по Христа, повикај ја Пресветата Богородица, Ангелите и Светителите да ти помогнат.
Молитвата на Светите делува.
12. И оваа ќе помине.
Кога искушението силно ќе го подигне гласот во главата ќе ти каже: Веќе отиде предалеку.Сега е неможно оваа напнатост да помине, освен ако не најдеш утеха. Оваа е лага. Всушност ако се исправиш, прошеташ, се помолиш и присилно го окупирате умот со нешто друго за неколку минути напнатоста ќе помине.
Знаејќи дека оваа е вистина успешно ќе победиш во војната.
Отец Џозеф Глисон
Comments
Post a Comment
Напиши коментар