Дали знаете која е Мајката на нашиот Господ и колку таа не љуби и колкава е нејзината сила и колкава е нејзината милост...

 



Дали знаете која е Мајката на нашиот Господ и колку таа не љуби и колкава е нејзината сила и колкава е нејзината милост?


Таа е нашата Мајка, која ги милува сиромашните христијани.Таа секогаш се моли на Спасителот Христос за сите нас.


 Речиси во секоја проповед  старецот Клеопа ги прашувал верниците: Дали имате икона на Пресветата Богородица во куќата? Имате ли кандило запалено пред нејзиното лице?


 Потоа ги советуваше: Земете ја нашата Заштитничка и Помошничка, нашата Мајка која е на небото и на земјата, да ја сместите во вашите домови! Таа е Кралицата на небото и земјата!


 Ако нашата покровителка Дева Марија ја однесете во своите домови и се молите секое утро со запалена свеќа и со нејзината молитва ноќе, ќе ја имате за помошник цел живот и во моментот на смртта.


 Знаете ли колку нашата Пресветата Богородица може да помогне пред престолот на Света Троица?  Да не беше таа, верувам дека овој свет одамна ќе беше изгубен!


Старец Клеопа Илие

Comments