Монахот и крадецот...

 



Монахот и крадецот


Беше еден стар монах и испосник,кој својот испоснички живот го водеше во пустина скоро 70 години во пост,бдеење и чистота.Иако толку години се трудеше за Бога никогаш не се сметаше  достоен за да доживее визија или откровение од Господа.Размислувајки за ова и носејќи го тоа на ум тој помисли,

Можеби мојот труд не е прифатлив,па заради тоа не сум достоен да добијам откровение или да видам некоја тајна.


Размислувајќи за овие работи старецот почна да бара и да го моли Господа се повеке говорејки, Господе,ако моето дело ти е пријатно и ако ги прифатиш моите дела,јас - грешен и недостоен - те молам,дозволи ми само капка од твоите дарови за да можам да научам од чудесната појава дека си ја слушнал мојата молитва, и така охрабрен и просветлен можам да продолжам да го живеам мојот монашки живот.Додека Светиот старец се молел и ги барал овие работи,слушнал глас Божји кој му се обратил, ,Ако бараш да ја видиш Мојата слава,оди длабоко во пустината и тајната ќе ти биде откриена.


Кога го слушна оваа старецот излезе од ќелијата и се упати далеку во пустината.Однекаде пред него се појави крадец,кој гледајќи го старецот,крвнички го нападна со желба да го убие.Кога го фати му рече: Добро што налетав на тебе старче,сега можам да ја завршам мојата работа и да се спасам.Ние крадците имаме свој обичај ,закон и верување, оној кој ќе направи стотина убиства сосема сигурно ќе оди во рајот.Така јас, напорно работев, убив 99 луге па ми недостига само уште еден до 100 за да бидам спасен.Навистина ти должам и благодарен сум ти затоа што денес поради тебе ќе уживам во рајот.


Кога старецот слушна што му кажа крадецот ,беше надвор од себе од страв поради ова неочекувано и безнадежно искушение.

Упатувајки го својот поглед  кон Бог на небесата тој рече: Дали е ова Твојата слава Господе и Владико,што вети дека ќе ми ја покажеш на мене ,Твојот слуга? Каква е Твојата мисла со ова што ми го даваш,да ја напуштам својата ќелија и да ја дознаам оваа ужасна тајна?

Со какви дарови ми плаќаш надоместок за страдањата кое го истрпев за Тебе? Сега навистина знам Господе,дека целиот мој труд од монаштвото бил залуден,сите мои молитви упатени кон Тебе ,Ти биле омразени и несоодветни.

Меѓутоа, му благодарам на Твоето човекољубие,Господе, затоа што Ти знаејќи го најдоброто ја казнуваш мојата недостојност ,како што е потребно заради моите неброени гревови и што ме предаде во рацете на крадец и убиец.


Изговаравајќи го сето ова сиротиот старец ожедне многу и му рече на крадецот, Дете мое,со оглед на тоа што сум голем грешник Бог ме предаде во твои раце да ме убиеш и да го исполниш твојот пат, како е волјата твоја а јас да бидам лишен од животот затоа што сум зол човек .Затоа те молам да ми направиш услуга - исполни ми мала желба - да ми дадеш малку вода да се напијам,а потоа одсечи ми ја главата .

Кога крадецот го слушна старецот ,го врати мечот назад во футролата.

Потоа од пазувите извади шише и појде до реката која течеше во близината да ја наполни со вода .Таму каде што појде да го наполни шишето со вода ,тој ја предаде својата душа во морето и умре.


Како одминуваше времето и крадецот не се враќаше ,старецот го размислуваше следново, Можеби му се спиело па заспал па заради тоа не се враќа,а јас ќе успеам да побегнам во мојата ќелија.Меѓутоа,поради тоа што сум стар ,се плашам дека со оглед на тоа дека немам сила да трчам и сум слаб ,бргу ќе се уморам и тој ќе ме фати .Тогаш ќе го налутам и тој ќе сака да ме исече на парчиња уште додека сум жив.Подобро да не заминувам туку да појдам до реката да видам што прави.Така старецот размислувајки за ова ,го најде мртов и се зачуди.Ги испружи своите раце кон небото и рече:

Господе кој ги сакаш луѓето,нема да ги спуштам рацете се дури не ми ја откриеш оваа тајна.Те молам да се сожалиш на моите маки и да ми откриеш.


Додека се молеше старецот ,му дојде Ангел Господов и му рече:Го гледаш ли старче овој мртовец кој лежи пред тебе? За твое добро него го снајде изненадна смрт,за да можеш да побегнеш да не те убие.Така да закопај го затоа што си спасен.

Тој те послуша и го врати мечот во футролата за да ти донесе вода да ја изгаси твојата жед,со што го смири Божјиот гнев и беше прифатен како послушен човек.

Признавајќи ти дека убил 99 луѓе му се рачуна како исповед.Затоа закопај го и сметај дека е спасен.Со ова спознај ја големината на Божјото човекољубие и милост.


Радувај се и врати се во својата ќелија и срдечно моли се.Не биди тажен и не зборувај дека си лишен од откровението.

Затоа што гледаш,Бог ти ја откри тајната.

Знај го и ова,целиот твој аскетски труд е прифатен од Бога.Не постои труд кој се прави во Божјо име а да не доаѓа пред Него."

Кога го слушна ова ,старецот го закопа мртвиот човек.


 Од ракописот изреки на Египетските Свети Отци - манастир Филотеј Света Гора


Comments