Христос е наш пријател
Христос е наш пријател, тој тоа самиот го вели
Да го почувствуваме Христос како наш пријател. Тој е наш пријател. Тоа го потврдува и самиот кога вели: „Вие сте мои пријатели“.
Како пријател да го погледне и да Му пријде. Дали паѓаме? Дали грешиме? Со блискост, љубов и доверба да трчаме кон Него, не со страв дека ќе не казни, туку со храброст, ќе ни даде чувство на пријател.
Да Му кажам: Господи, го направив тоа, паднав, прости ми. Но, во исто време да чувствуваме дека нè сака, да нè прифати нежно, со љубов и да ни прости.
Нека гревот не одвојува од Христа. Кога веруваме дека Тој нè љуби и ние Го сакаме, не се чувствуваме отуѓени и одвоени од Него, дури и кога грешиме.
Ја обезбедивме Неговата љубов и како и да се однесуваме, знаеме дека Тој нè сака.
Свети Порфириј Кавсокаливит
Comments
Post a Comment
Напиши коментар