Дали е можно човекот добро да ја познава верата и да биде ревносен во неа, а во животот сепак да им служи на страстите...

 



Дали е можно човекот добро да ја познава верата и да биде ревносен во неа, а во животот сепак да им служи на страстите и да својата душа ја облекува во срамната одежда на гревољубието.

На јазикот "Господе, Господе", а внатре "Се одрекувам од Тебе".

После тоа пред сите поединечно и пред сите нас заедно само по себе се поставува едно прашање: Кој сме ние? Кој сме ние?


Пријатели наши,грижливо ќе ги обработуваме своите души, и се почесто сами на себе ќе си одговараме на прашањето: Ја имаме ли живата вера во Христа? Ги правиме ли делата за Бога, поради Бога и во славата Божја? или можеби им служиме на своите страсти и на својата себичност?

Дали пред Христа се издигнуваме и го очистуваме својот живот?

Поседуваме ли ревност и одлучност да во вековите бидеме со Христа?


Би требало вакви длабоки размислувања почесто да ги допираат струните на нашата душа и на нашето срце, како сите Евангелски четива, а тие се многу, да не приморат, да се длабоко замислиме над вистинскиот смисол на животот, а посебно во оваа наше немирно време и во нашите немирни денови.


Архимандрит Јован Крестјанкин

Comments