НЕ ОТКРИВАЈ ЈА ДУШАТА ПРЕД СИТЕ

Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.

- Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо!

Посоветувајте ме што да направам! Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол:

- Соблечи се гола и прошетај така низ градот!

- Полудевте ли?!

- Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.

- Погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и ги поливам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат пупките, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно.

Види кој е достоен да биде твој пријател и да твори добро, како се полива цвеќе со вода и кој крши ливчиња и го газе цвеќето со нозе. „Не фрлај бисери на свињите!“


Свештеномаченикот Даниил Сисоев  објаснува :

Што значи Евангелската поговорка: ,,не давајте ништо свето на кучињата и не фрлајте ги своите бисери пред свињи?“(Матеј 7:6).  Бисерите се верата, откровението Божјо, кое стана наше.  Оваа вера не може да им се открие на оние кои не сакаат да го спознаат Господа.  Има луѓе кои верата ја третираат со богохулење, кои не сакаат да ја знаат вистината, кои сакаат само да ја исмеваат.  Категорично е невозможно да им се каже на таквите луѓе за тајните на верата.  Лесно е да се утврди ова, ако некое лице ја исмева верата за време на разговор, тогаш разговорот со него мора да се прекине, велејќи истовремено дека го чека Божјиот суд ако не се покае.  Многу мисионери губат многу време во бескорисни разговори со богохулници.  Ова е грешка.






Comments