Сестро, дали си грешна...

 



Една година во манастирот Студеница, служев со владиката Николај на празникот Рождество на Пресвета Богородица.

Таму се собира многу народ, а многу од нив и се причестува.


Владиката причестуваше, а јас го држев убрусот.

Имаше многу причесници а малку свештеници за да вршат исповед. За време на причесната владика Николај вршеше исповед како Свети Јован Кронштатски.


Еве како. Пред да причести некого, тој прашуваше:

Брате, дали се грешен? Луѓето одговараа:

Грешни сме грешни.

Владиката причестуваше, а јас ги бришев причасниците со убрусот.


Дојде една млада жена, скоро мажена во градот, па сакаше да покаже колку е отмена. 

Сестро, дали си грешна? - ја праша владиката Николај.

А зошто ли јас би била грешна? Не сум убила, ниту сум крадела, ниту сум лажела ниту некакво зло сум направила - кажа жената.

Ајде помини оваа е за грешници - и рече владиката.

И не ја причести.


Отец Данило

Comments