Приказната за чудото на Светите Петочисленици

Петмина ученици на Свети Кирил и Методиј, и тоа: Светите Климент, Наум, Ангелариј, Горазд и Савва.  Моштите на Свети Климент се чуваат во Охрид, а на Свети Наум во манастирот Свети Наум.

А вака ни вели господинот Прњатовиќ, еден од најпочитуваните сараевски трговци:

Како повереник на Старата Црква во Сараево, смртно се разболев од шарлах.  И тоа го доведе моето семејство во очај.

Лекарите дење и ноќе не ме оставаа.  И лежев без свест во силна треска.  Кога на кратко дојдов при себе, сфатив дека умирам.  Еден ден некои мажи дојдоа кај мене во треска.  Можев да избројам до три.  Застанаа пред мене.  Прашав: "Кој сте вие?"  И тие рекоа: „Ние сме Петочисленици.  Тогаш ми рекоа: „Нема да умреш, не плаши се!“

После тоа се опоравив.  Шефот на лекарите кои беа во моја близина, Карахмедовиќ, тогаш призна: Твојата состојба беше безнадежна.  Самиот Бог те спаси.

Потоа почнав да прашувам кои се Петочислениците.  И никој не можеше да ми објасни.  Но, на крајот еден свештеник ми кажа.

После тоа, Прњатовиќ нарачал голема икона  од Битола и ја ставил во својата куќа.


Свети Николај Велимировиќ

                                                   Икона од црква во Берат-Албанија


Comments