Вистински знак...

 


Вистински знак


 Еден старец испрашувал група свои искушеници.Со кој знак другите ќе препознаат дека си Христијанин? ги прашал тој.

 Бидејќи никој не го знаел одговорот, тој се прекрстил за да им помогне.  Еден од искушениците одеднаш помисли: Со љубовта, извика тој.

 Старецот им кажа: никој никогаш не го видел Бога но ако имаме љубов меѓу себе, Бог постои во нас, а неговата љубов е совршена во нас  (1Јов. 4:12).


Comments