О пречудна Веро и Љубов! О витешка душо на витезот Христов!...

 



Кога на Свети Апостол Јаков џелатот му го исече палецот на десната рака,тој кажа:


- И лозницата се вака обрезува на неа да израсне младата лоза.


При отсекување на вториот прст кажа:


-Примија Господе другата гранка на ракосадниците Твои.


При отсекување на третиот прст кажа:


- Го  благословувам Отецот и Синот и Светиот Дух.


При отсекување на четвртиот прст кажа:


- Ти што ги примаш пофалбите од четирите животни, прими го страдањето на четвртиот прст.


При отсекувањето на петтиот прст кажа:


- Да се исполни радоста моја како бракот на петте мудри девојки.


При отсекување на шестиот прст кажа:


- Ти благодарам на Тебе Господи кој во шестиот час си ги распрослал на Крстот Твоите пречисти раце, што си ме удостоил да Ти го принесам шестиот мој прст.


При отсекување на седмиот прст кажа:


- Слично како Давид кој Те прославуваше седум пати на ден, така и јас денес Те прославувам преку седумте отсечени прсти заради Тебе.


При отсекување на осмиот прст кажа:


- Ти си се обрезал на осмиот ден.


При отсекување на деветиот прст кажа:


- Во деветиот час Ти си го предал Твојот дух во рацете на својот Отец,Христе мој, и јас на Тебе Ти ја принесувам благодарноста при страдање на деветиот прст.


При отсекување на десетиот прст кажа:


- На десетструна харфа Ти пеам Тебе Боже, и Ти благодарам, што ме удостои да претрпам отсекување на десете мои прсти на двете раце мои за десетте заповеди напишани на двете таблици.


О пречудна Веро и Љубов! О витешка душо на витезот Христов!


Свети Николај Велимировиќ

Comments