Војници...

 Отец, кога ќе се вратам од работа дома се чуствувам многу поспиено и не сакам ништо да правам па дури ниту да го прочитам молитвеното правило. Што да правам?


Кога војниците ќе се уморат ќе испукат неколку куршуми како непријателот би бил свесен за нивното присуство. Дури тогаш заминуваат на починок. И ти можеш истото да го направиш: прочитај неколку страници од некоја духовна книга, кажи ја неколку пати Исусовата молитва и тогаш замини на спиење.


Свети Пајсиј Светогорец

Comments