ВЕЛИКОПОСНА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН

Во текот на мојата прва година во манастирот, оваа молитва не ја сфатив сериозно.  Си реков: зошто да се кажува толку едноставна и обична молитва?  Дали доблестите споменати таму се навистина важни?  Дали е навистина суштинско да се надминат гревовите наведени таму?  Мислев дека присуството на една Литургија или, да речеме, седум богослужби ќе ми користи многу повеќе од оваа молитва, и дека сè ќе успее.

Една година подоцна, бев целосно убеден дека на крајот на Великиот пост ќе го остварам она што го бараме во оваа молитва.
Следниот пост, помислив дека би било добро да направам барем некои од работите споменати во оваа молитва.
Денес разбрав дека можеби целиот живот не е доволен за да се исполни она што е кажано во молитвата.

Монах од Света Гора


Comments