Свети Ефрем Сирин - Великопосна молитва

Господи и Владико на мојот живот,

Не ми давај дух на мрзливост,

очајание, властољубие и празнословие.

(1 метанија)

Но мене, на Твојот слуга, подари ми

дух на целомудрие, смирение, трпение и

љубов.

(1 метанија)

О, Господи Цару, дај ми да ги согледам

моите согрешенија и да не го осудувам

мојот брат, зошто си благословен

во вековите на вековите. Амин!

(1 метанија)

 

(12 мали поклони ) со молитвата

*Боже очисти ме мене грешниот/та и помилуј ме*

Потоа, се чита цела молитва (сите три стиха) па се прави една метанија.

*

Владико Боже, Отче Седржителу, Господи,

Сине Единороден, Исусе Христе и Свети

Душе, едно божество, една сила, смилувај

се на мене грешниот и како што Ти е

угодно спаси ме мене недостојниот Твој

слуга, зошто си благословен во вековите

на вековите. Амин!



Comments