Велигденско јајце

 Кога беше Велигденскиот пост, строго постевме.

И покрај напорната работа, чекавме да дојдат Благовештение и Цветници, да изедеме похован посолен бакалар, кој делуваше толку вкусен , или неколку свежи сардини, единствената риба што пристигнуваше во селото од морето, и тоа ретко.
Мајка ми ме испитуваше за време на постот за да провери дали постам со срце:
- Дете мое, ти си толку слаб! Јади јајце за да зајакнеш.
- Ако го изедам јајцето и одговорив, нема да го разберам Воскресението.
Сакам да јадам Велигденско јајце за да го разберам Велигден.
А кога заврши постот и дојде Велигден, јас не го изедов јајцето веднаш по Воскресението, туку го зедов и отидов од селото на село, каде што ја пеев „Христос Воскресна“ по пустите долини и Воскресниот тропар со сета силата на мојата душа, со страст и занес, додека не стана пладне.
Потоа седев и јадев Велигденско јајце и ми се чинеше дека мириса на мошус.


                                                                     Свети Јаков Цаликис

Comments