Дали си дал милостина?

 Кога ќе дојде судниот ден, Господ нема да праша никого од нас: „Дали отидовте на аџилак?“ Ниту пак ќе праша дали го почитувавте мојот гроб во Ерусалим? Дали си девица?Тоа нема да го праша, туку само едно: Дали си дал милостина? Дали сте направиле добротворни дела?


Секој човек треба да дава милостина според неговите можности. Не е потребно да се донира сè, само да се сподели со соседите дел од имотот, макар бил мал дел. И тогаш, ниту парче леб, ниту чаша вода нема да остане без награда, ако се подарат со љубов, добрина, добра волја.

Сето добро што го правиме за сиромашните, за нашите сиромашни браќа, Бог го прифаќа затоа што е направено за Него.

Свети Лука Кримски 

Comments