Преподобен Ефрем Катунакиски

Старец Ефрем Катунакиски е роден во 1912 година во Амбелохори во Тива, од татко Јоанис Папаникитас и мајка Викторија. Старецот беше крстен со името Евангелос. Заврши Гимназија, но благодатта Божја ги затвори во Евангел световните порти на возобновата. Во Тива, каде што се беше преселило неговото семејство, Евангелос ги запозна своите Старци – Ефрем и Никифор. Животот на Евангелос беше монашки. Се подвизуваше духовно со Исусовата молитва, со метании, пост и главно со послушност. На 14 септември 1933 Евангелос го напушти светот и дојде во пустината на Света Гора во Катунаки, во исихастирионот на преподобен Ефрем Сирин и положи метанија во братството на Старците Ефрем и Никифор. По искушеништвото стана монах со мала схима, со име Лонгин, а во 1935 година доби велика схима од Старецот Никифор и го доби името Ефрем. Следната година стана јеромонах. Отец Ефрем се удостои и го запозна водачот на исихастичкиот живот, проѕорливиот и свет Старец Јосиф Исихаст (1898 – 1959) и се поврза духовно со него, со благослов на неговиот Старец Никифор. Во 1973 година се упокои јеромонахот Никифор, Старецот на отец Ефрем. После 1980 старецот имаше собрано братство и ја запазуваше заповедта на Старецот Јосиф да го добие братството по смртта на Старец Никифор. Старец Ефрем имаше голема духовна борба со непријателот на духовниот живот – суетата. Неговите жртви беа за Христа, а не за пофалби од луѓето. Литургијата за отец Ефрем беше потресен настан. Уште од првата Литургија која ја отслужил, сетилно ја гледал благодатта Божја како ги претвора даровите. По осветувањето на чесните дарови, Го гледаше Самиот Христос на дискосот и беше невозможно да ги задржи солзите, кога доаѓаше на ред раздробувањето на Телото Христово. Течеа солзи врз антиминсот во текот на Литургијата и околу себе гледаше ангели како му сослужуваат. Старец Ефрем беше украсен со дар на прозорливост и ја гледаше духовната состојба на секој клирик или монах и му даваше соодветни духовни лекови за напредок во духовниот живот. Благодатта Божја го имаше украсено старец Ефрем и со дар на предвидливост, па затоа и гледаше состојби кои доаѓаат (како земјотресот во Солун во 1977 година), и често ги повикуваше верниците, па и малите деца со имињата, кои по многу години ги добиваа при нивното монашење. Завештанието на блажениот отец Ефрем за единството на Православните беше јасно: „Расколот лесно станува, единството е тешко“. Во 1996 отец Ефрем имаше мозочен удар и остана неподвижен. Воопшто не негодуваше, туку Го славословеше Бога. Ни го остави својот пример за соочување со болестите. На 14/27 февруари 1998 отец Ефрем Катунакиски, светогорскиот старец, ја предаде својата осветена душа во рацете на Создателот, Кому му служеше уште од детството. Во ноември 2019 година, Цариградскиот Патријарх г. Вартоломеј објави дека старец Ефрем наскоро ќе биде канонизиран, заедно со уште пет други нови светители. - извор: МПЦ -ОА

Молитва на Свети Ефрем Катунакиски

Боже, Невидлив, Бесмртен, Вечен, Бескрајен, Бесконечен, Нематеријален, Непроменлив.

Боже, Создател на небото и на земјата и на сè што е на нив: сонцето, месечината, ѕвездите, морето, океанот и на нив сите ѕверови што се движат.

Боже, Кој седиш на престолот на славата и ги надгледува бездните.

Најсладок наш Исусе.

Милијарди милијарди и илјадници присутни ангели и архангели ја опкружуваат Твојата недостапна слава, многуоки Херувими и шесткрилести Серафими Те опкружуваат и ја воздигнуваат најслатката и непозната химна: Свет, Свет,Свет.

Голем мост, големо помирување, голема врска на нас паднатите и бескорисни луѓе со Твојот бесконечен и ожалостен Твој Татко.

Роден како жртва.

Оној што ги зеде нашите гревови и ги однесе на Крстот.

Подај ни на нас  грешните еден зрак од твојата благодат и научи нè и просветли нè.

Како да те следаме, како да те смириме, како да те задоволиме, за и ние да станеме учесници во тие неискажливи богатства подготвени од Твојата татковска љубов.

Преку застапништвото на Твојата најслатка Мајка и сите Твои Светии кои секогаш биле кај тебе. Амин.


(Сопствен псалм)


Посети ја душата моја 

И залечи ми ги раните.

Отвори ми ги очите на душата

Кои ги покри гревот,

непослушност, далечината.

Сакајте Го 

Затоа што Тој беше првиот што нè засака.

Сакајте Го

Затоа што Тој целиот  е љубов.

Сакајте Го

Зашто Тој е во радоста

и љубовта Не чека

Кога ќе излеземе од бездната

И ќе чекориме кај Него.

Ние го следиме

Ние што го креваме Крстот.

Ние Го следиме

И ќе ја откриеме радоста.

Бог е љубов, мир и радост.

Сакај го Бога

И дајте му слава на Неговото име.

Нека ништо не ви е поважно

од  Неговата љубов.

Секогаш во мудрост во татковската грижа за делата.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух

И сега и секогаш и со векови.

Амин.

 


Comments