Човекот е слободен дух...

 Ако Бог е слободен, тогаш и свеста е слободна. Ако свеста е слободна, тогаш јас сум слободен. Човекот е слободен дух, создаден според образот на Бога, кој е несоздадениот совршен Дух. Суштината на нашето Јас е слободната свест. Отпаѓајќи од Бога, човекот стана роб на гревот, ќе стане слободен кога ќе ја вратиме слободата на синовите Божји. Но, како да се направи тоа? Исус му рече на Тома: Јас сум Патот и Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот освен преку мене (Јован 14:6). Кога велиме: Христос е меѓу нас, мислиме, пред сè, дека Тој живее во најдлабоките длабочини на нашето битие, во средината на нашиот ум, душа и срце. Затоа спасението е во нас, како и Царството Божјо (Лука 17:21). Додека Го бараме Христа на небото,треба да разбереме дека Тој не чека внатре во нас.

Манастир Дечани - Исус Христос со меч, фреска, 14 век

Comments