Што се случи со мене? Како ја изгубив радоста и дали пак ќе ја добијам?

 Да би сме биле со Господа,треба да бидеме слични,или да бидеме како деца-смирени и кротки и да Му служиме.

Тогаш ќе се исполнат зборовите Господови:"Каде сум јас таму ке биде и слугата мој",и ке бидеме со Него во Царството Небеско.
Меѓутоа,сега е мојата душа темна и неможам да издигнам чиста молитва кон Бога,немајќи солзи во себе со кој ќе би ги оплакувал своите злодела.

О,кој би ми ја запеал онаа песна,која од младоста своја толку ја сакам,за тоа како се Господ вознесе на небото и како не многу сака и желно не очекува.
Таа песна со солзи би ја слушал,зошто жална е душата моја.

Што се случи со мене? Како ја изгубив радоста и дали пак ќе ја добијам?

Плачете со мене сите ѕверови и птици,гори и пустини.
Плачете со мене сите суштества Божји и утешете ја мојата болка и тага.

Ете на што мисли душата моја: Колку е голема тагата на Мајката Божја кога останала на земјата после вознесението Господово,кога ја кој толку много го сакам Господа,и толку много чезнејам со душата по Него?

Таа никаде не ја забележи тагата на својата душа и ние воопшто малку што знаеме за нејзиниот живот на земјата,но знаеме за совршенството на нејзината љубов спрема Синот и Бога и не можеме да ја разбереме.

Срцето  на Мајката Божја,нејзините помисли,целата нејзина душа,беа обземени со Господа.
Меѓутоа,на неа и е дадено уште нешто:Таа ги сака луѓето и се моли за нив,за Христијаните Господ да ги укрепи.Таа се моли за целиот свет да се сите спасат.
Во таа молитва Таа ја наоѓаше радоста и утехата тука на земјата.

Ние неможеме да го постигнеме совршенството на љубовта на Мајката Божја но го знаеме следново:
Колку е голема љубовта,толку е поголемо страдањето на душата.
Колку е огнена љубовта,толку е пламена молитвата.
Колку е совршена љубовта,толку е свет животот.

Никој од нас не може да ја постигне полнота на љубовта на Мајката Божја.На нас ни е потребно Адамовото покајание.Но со помош на Светиот Дух кој нас не учи во црквата,и ние делумно ја разбираме таа љубов.


Свети Силуан Атонски 

Comments