Има три различни видови на лага

Во Писмото е речено дека лагата е од лукавиот и дека тој е „татко на лагата“ (Јн. 8: 44), а вистината е Бог бидејќи Сам Он вели: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јн. 14: 6). Ете гледате од Кого се разделуваме и со кого се соединуваме преку лагата. Ако навистина сакаме да се спасиме, тогаш сме должни со сета љубов да ја љубиме вистината и да се чуваме од секоја лага. 
Има три различни видови на лага: со мисла, со збор и со самиот живот. 
Со мисла лаже оној кој ги прима своите предпоставки, т.е. празните сомневања во ближниот: таквиот кога ќе види дека некој разговара со својот ближен, прави свои предпоставки и вели: тој за мене зборува. Ако некој каже збор, тогаш подозрева дека е кажан за негова навреда... Никогаш не им верувај на своите досетки и подозревања, бидејќи кривата мерка и правото го прави криво. Мислењата на луѓето се лажни и му штетат на оној кој што им се предава. 
А со збор лаже оној, кој, на пример, поради униние го мрзело да стане на работа и не вели: „Прости ми што поради мрза не станав”, но вели: „Јас имам температура, без до крајност исцрпен од работа, немав сила да станам, бев болен”, и изговара десет лажни зборови за да не направи еден поклон и не се смири. И ако во овој случај не се укори себе си, непрестајно менува зборови и спори само за да не претрпи укори. 
Со живот лаже оној, кој, иако блудник, се прави дека е воздржан; или иако е користољубив, го фали милосрдието, или иако е надмен, се фали со смирението. Да ги избегнуваме лагите за да се избавиме од лукавиот и да се потрудиме да ја усвоиме вистината за да имаме единство со Бога.

Авва Доротеј

Comments