Понекогаш слатко - понекогаш горчливо

 Целиот човечки живот е мешавина од тага и неволја во некои моменти, а понекогаш и благодат и слично; сето ова по ред.

Беше еден Светец кој се молеше на Бога да ги превиди неговите гревови и да го удостои да го следи носејќи го неговиот крст, да стане еден од негови ученици. Христос ги слушна неговите молитви.

За време на молитвата паднал во екстаза и го видел самиот Христос како седи на неговиот престол и го прашал:

„Дали сакаш да ме следиш? „Да, Господи“. „ Ова им давам на оние што ме следат“, а Тој му понуди јаболко да јаде. Јаболкото беше многу слатко. На светителот многу му се допадна и побара уште една.

„Дали сакате уште едно? Христос го прашал. „Да, Господи“. И така ,Тој му даде уште едно јаболко. Ова беше многу горчливо, како отров. Светецот се намршти.

И тогаш му беше понудено трето јаболко. Овој беше крајно горчливо, толку горчливо што светецот за малку ќе повратеше. Тој постојано се трудеше да се воздржи -  и му рече на Христа: „Господи, ако принесуваш такви работи, не можам да те следам“.

Христос се насмевна и му рече: „Андреј (така се викаше Светецот), јади го ова последно јаболко, да ги заборавиш претходните, горчливите.

Ова последно јаболко беше толку слатко што светецот, штом го вкуси, беше фрлен во екстаза, занес кој беше уште подлабока од првата екстаза: тој влезе во рајот со својот дух и ги виде сите негови неискажливи убавини, духовите на праведниците и слично. 

Ги виде Ангелите и Архангелите, ги слушаше нивните мелодии - нивните алелуји. Со еден збор, тој ги виде сите идни утешувања во кои ќе уживаат праведните луѓе.

По некое време си дојде на себе, паднал пред Христа и со солзи во очите му се молел на Христа, да се сожали и конечно да го прифати во Неговата бесконечна милост, да го направи достоен да ужива во се онаа што го видел.

Така, брате мој, тоа се нештата што ги дава Христос.

Понекогаш слатко - понекогаш горчливо.



Свети Ефрем Катунакијски

Comments