Како да те убедам...


 


Како да те убедам 


Како да ве убедам во убавината на духовниот живот, кога уште од мали нозе  научивте што треба и што не треба?

Како да те убедам за „слободата на Божјите деца“, кога твојот однос со Него е давање и земање?

Како да те убедам во неопходноста од молитвата, кога ја гледаш како должност, а не како средба со „Богот на срцето“?

Како да те убедам во уживањето во Литургијата, како и сите богослужби, кога прашуваш кога завршува, а не кога почнува?

Како да те убедам во нагорниот лет на душата за време на исповедта, кога ја гледаш како суд?

Како да те убедам во слободата што ја чувствува секој што простува, кога ти го сфаќаш простувањето како слабост?

Како можам да те убедам во педагогијата дека Бог дејствува врз Својот народ, кога ги сметаш искушенијата како Негово отфрлање?

Како да те убедам во Неговата љубов, која е скриена во Неговата тишина, кога мислиш дека таа ја изразува Неговата рамнодушност?

Како да те убедам дека секој твој пад може да ја скрие почетната точка за нов живот, Неговиот живот, кога твоето его не може да го издржи туткањето на самиот себе?

Како да те убедам дека Христос секогаш ги слуша нашите молитви и одговара кога  сме подготвени, кога сакаш тоа што сакаш да се прави кога и како сакаш?

Како можам да те убедам дека надвор од она што го гледаме, слушаме и допираме, постои надчувствителниот свет, кога никогаш не сте го почувствувале Неговото присуство?

Како да те убедам во залудноста на световното, кога немаш сомнеж во светот и не си ја посакуваш неговата убавина?

Како да те убедам во големината на личноста Христова како Богочовек, бидејќи тој за тебе не стана А и Ш на твојот живот?

Како да те убедам за црквата Христова, која е Неговото Тело, дека таму суштински и егзистенцијално се среќаваш со Него, кога Црквата ја сметаш само како институција - организација со несовршени членови?

Конечно, како да те убедам во она што е убаво, божествено и вечно дека можеш да живееш отсега со покајание и смирение, ако Светиот Дух не те убеди со тоа што ќе ти влезе во срцето, кога ќе го најде отворено?


Отец Андреас Агатоклеус


Comments