Кога Бог се повлекува - Свети Дијадох Фотијски

Кога Бог се повлекува - Свети Дијадох Фотијски


Кога Бог, од образовни причини, се повлекува, доаѓа до неизмерна тага, понижување, па дури и одреден очај на душата. Бог тоа го прави за да ја заузда склоноста на душата кон суета и самољубие, бидејќи срцето веднаш се исполнува со страв Божји, солзи на благодарност и голем копнеж за тишина. Меѓутоа, кога Бог целосно ќе се повлече, душата е исполнета со очај, неверување, гнев и гордост. Ние, кои сме ги доживеале двата вида напуштање, и во двата случаи треба да му пристапиме на Бога на соодветен начин. Во првиот случај, треба да Му се заблагодариме од се срце, сфаќајќи дека Тој ја зауздува нашата плашливост и, како добар татко, нè учи на разлика помеѓу доблест и порок. Во вториот случај, треба да Му ги исповедаме своите гревови, да Му викаме со солзи и колку што е можно повеќе да се одвоиме од светот, за со голем труд конечно да го поттикнеме повторно да се открие во нашите срца како порано.

Меѓутоа, треба да разбереме дека кога се води директната борба меѓу сатаната и душата - зборувам за борбата во случај кога Бог не остава да нè научи - тогаш благодатта, како што реков претходно, е донекаде скриена, но сè уште ја зајакнува душата, така што во очите на нејзините непријатели победата изгледа како дело на самата душа.

Comments