Но само оној кој со сето свое срце, со сета своја душа, со сето свое битие, со молитва и солзи, преку пост и бдение, преку воздишки и сон прашува: која е Вистината?
Само оние кои се осветени од вечната Вистина се вистински просветлените, бидејќи Вистината произлезе преку Исуса Христа (Јован 1, 17).
Без Него и освен Него, нема Вистина, ниту може да постои.
Ете: Христос + Вистина + Осветување = Осветлување.
Вистината создава свето расположение во душата, а од светата душа постојано произлегуваат свети мисли, свети молитви, свети чувства, свети дела.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар