Оди кон Бог со длабока воздишка - Свети Нектариј Оптински

Оди кон Бог со длабока воздишка - Свети Нектариј Оптински

 




Има луѓе кои никогаш не се обраќаат кон Бога, кои не се молат, туку наеднаш стануваат меланхолични и загрижени. Нивните срца стануваат тешки и чувствуваат дека ниедно друго човечко суштество не може да им помогне да се извлечат од таквата мизерна состојба. Можеби некој ги слуша, но не го разбира нивниот очај. И тогаш со длабока воздишка се обраќаат кон Бога: „Господи, помилуј!“ Доволно е да се изговори молитвата: „Господи, помилуј!“ Меѓутоа, ние ја кажуваме три, дванаесет, четириесет пати во црквата. Со други зборови, тоа го кажуваме за сите оние напатени души кои не можат ни да кажат: „Господи, помилуј!“ Црквата го прави тоа наместо нив. Господ го слуша тоа и прво како запалена свеќа доаѓа малку благодат, а потоа душата чувствува сè поголемо олеснување.

Comments