За трпението

 За трпението


Значи, потребно е трпение, како сол во храната. Затоа што нема друг начин да  стекнеш, да станеш богат и да владееш. Христос ни го нацрта овој пат. И ние кои Го сакаме мораме да Го следиме заради Неговата љубов.

Иако пелинот е горчлив за нас, тој ја чисти крвта и го лекува нашето тело. Без искушение, чистите души не се познаваат, праведноста не се манифестира и трпението не се забележува. Без искушенија е невозможно да се манифестира здравјето на душата. Ова е оган за чистење што ја прави душата чиста и светла.

Секоја тага што ни доаѓа - било да е од луѓе, или од демони, или од нашата сопствена природа - секогаш има соодветно стекнување скриено во себе. А кој победува со трпение, добива плата: тука е свршувачката, а има и исполнување.

Ако си навреден и сакаш да најдеш правда, знај дека таа лежи во носењето на товарот на ближниот до последниот здив и покажувањето трпение во сите таги на овој живот.

Искушението е очистувачки оган што ја прави душата чиста и светла.

Правдата е носење на товарот на ближниот до последен здив и покажување трпение во сите таги на овој живот.

Свети Јосиф Исихаст  

Comments

Post a Comment

Напиши коментар