Секоја љубов не носи задоволство...


 


Секоја љубов не носи задоволство



  Ако љубовта преовладуваше насекаде, колку поинаков ќе беше нашиот свет! Човекот што љуби, живее на земјата како што би живеел на небото, со ненарушен мир и среќа, со душа чиста од завист, љубомора, гнев, гордост, зла желба... Ете, човекот на љубовта е земен ангел! Самата љубов, колку е убава! Со колку радост и мир ја преплавува душата што ја поседува!

 Можеби ќе ме прашате: Зарем секоја љубов, дури и да е непримерна, не носи задоволство?

 Само... вистинската љубов носи чиста и неизвалкана радост.  А вистинската љубов не е световната која е прилично злобна, туку христијанската, духовната, онаа што Павле ја бара од нас, онаа што цели кон интересот на ближниот. Оваа љубов ја имал Апостолот, кој рекол: Кој ослаби, и јас да не ослабам? Кој се соблазни, и јас да не се распалам? (2. Кор. 11, 29).

Ништо не го лути Бога толку колку нашата рамнодушност кон ближниот, затоа што љубовта природно води кон грижа за ближниот.Љубовта, значи, е патот на спасението. Да го следиме овој пат за да го наследиме вечниот живот.

Љубов, дарител на пророштво, Љубов, блескаво сонце.

 


Свети Јован Златоуст 

Comments