Типот на вистински свештеник
Вистинскиот свештеник не треба да биде скандализиран ниту од лоши свештеници ниту од лоши првосвештеници.
Тој секогаш гледа над нив, секогаш гледа кон Светите свештеници и првосвештеници.
Ги гледа Свети Јован Златоуст, Свети Сава, свештеномаченикот ѓакон Авакум и мноштво други Светители. Тој им се обраќа со цело срце, им се восхитува на нив.
А тие?
Сите тие се живи денес во Црквата, како што беа вчера и пред илјада години.
Живи се сите Свети Апостоли, живи сите Свети Маченици, живи се сите Свети Отци, живи се Светите Исповедници и секојдневно служат со нас недостојните на секоја Божествената Литургија.
Па зарем не сме посилни и помоќни од секоја смрт, од сето зло и од сите гревови?
Дали тогаш можеме да најдеме причина за разочарување во нашиот свештенички повик?
Дури и тоа службата на ангелите, не е супериорна од службата на свештениците!
Свештеникот има Божествена власт над рајот и пеколот, над животот и смртта, над бесмртноста и вечноста.
Ти, драг мој, изгледа за момент се посомневаше во сето тоа, а твојот дух се потресе.
Главите горе! Зашто никој меѓу човечкиот род го нема она што го поседува Христовиот свештеник.
Важно е: прицврстете се со вера, молитва и љубов кон прекрасниот Господ, кон најслаткиот Господ и секоја смрт ќе бега од вас или очајот и неговите деца.
Свети Јустин Поповиќ