Ако не паднеш, како ќе станеш? И ако не се понизиш, како ќе се воздигнеш?...


 



Ако не паднеш, како ќе станеш? И ако не се понизиш, како ќе се воздигнеш?



Некој , огорчен од тешкотиите со кои се соочувал, му рекол на Свети Гаврил:

– Не можам повеќе да издржам, што да правам?

–  За се треба да бидете трпеливи.

- Можеш ли, оче Гавриле, да поднесеш толкава неправда?

– Секогаш сум трпелив, а тој смеејќи додаде:

– И сега сум трпелив. За се велам: Ти благодарам, Господи, колку што има камења во морето и ѕвезди на небото.

- Бог не  му подготвува на човекот такви искушенија што нема да ги издржи, туку ќе му дозволи да падне и повторно да стане. Ќе паднеш, но тогаш Бог во тебе ќе победи.

Отец  Гаврил често го молел Бога да го заштити од искушението, како што е споменато во неделната молитва,  „не воведувај нè во искушение“ , но во исто време барал од Господ да го зајакне во искушенијата за да може неговата вера да се усоврши. На тој начин Светителите чувствуваат дека Бог не ги напушта. Тој велеше:  Ако не паднеш, како ќе станеш? И ако не се понизиш, како ќе се воздигнеш?

...Сакам добро да запомните дека што и да се случи во вашиот живот, никогаш не губете ја својата надеж во Господа.


Свети Гаврил Грузиски 

Comments