Големото оружје што го има христијанинот...


 


 Големото оружје што го има христијанинот



Големото оружје што го има христијанинот: молитвата.

Што е молитва?

Здивот на душата.

Нервите на душата, велат отците.

Климата на Светиот Дух.

Благодатта Божја.

Убавината на Рајот.

Се најдобро.

Кога човек ќе почне да се моли малку по малку, злото си заминува од него.

Несреќата ја снемува.

И доаѓа благодатта Божја.

Неговиот благослов доаѓа.

Климата се менува. Атмосферата се менува.

Душата се менува. Срцето се менува. Умот се менува.

Се се менува.


Старец Ананија Кустенис


Comments