Што е Рајот?...


 


Што е Рајот?


Рајот е искуство во Бога.

Ако некој го чувствува Бог во себе, тогаш тој е во рајот.

Каде што е Бог, таму е Царството Божјо, таму е рајот. Откако Бог Словото слезе на земјата и стана човек, небото стана најнепосредната земна и човечка реалност. На крајот на краиштата, каде што е Господ Христос, таму е и рајот.

Ако некој сака да почувствува и да знае каков е рајот, тогаш нека си ја исполни душата со евангелска добрина, евангелска љубов, евангелска вистина,  евангелска молитва и останати евангелски доблести.

Практикувајќи ги евангелските доблести, човекот во своето битие ја внесува Божествената вистина, Божествената добрина и на тој начин го доживува рајот овде на земјата.


Свети Јустин Поповиќ 


Comments