Тогаш ќе видите како ќе почуствува убавина срцето...


 


Тогаш ќе видите како ќе почуствува убавина срцето...


Додека легнувате да спиете,

не заборавајте да заспиете

со чувство на благодарност.

Ако заспиете со непријатно размислување и ако заспиете со тага мислејќи на мизерија и мисли со жалење,

цела ноќ сте го наполниле телото со отрови.

Додека велиш Ти благодарам Боже што живеам и дишам, што двајца пријатели дојдоа дома да ме видат, што јадев од оваа вкусна храна што ги видов очите на моето добро дете и ја слушнав песната

што ја сакам, ги бакнав усните на мојата мила и му дадов паричка на кутриот сиромав...

Но не само да ги кажете, туку и да ги почувствувате сите овие зборови.

Да почувствувате дека нешто слатко излегува од вашите утроба.

Нешто како детски сируп, кој веднаш ја спушта треската.

Потоа видете каква убавина ќе почувствува срцето

и колку ќе го заслади умот

и како брзо ќе дојде сонот за да ви даде ситост.

Ќе спиеш можеби три часа,

но твојот сон ќе биде длабок,

облечен во благодарност,

како да си спиел тринаесет.

Таквите луѓе - мислам -

ќе живеат уште многу години,

бидејќи нашето офкање нè старее

и на сите им побелува косата.

Затоа, кога ќе легнете,

обидете се да се сетите на

многуте дарови што ги добивате

и престанете да се жалите...

За глава, имајте го

овој збор: благодарам!

И ако животот

те повреди, повторно: ти благодарам!

Изгледа лудо, глуво, апсурдно,

да се каже благодарам за сè.

Но, секој пат кога ќе го пробам,

тоа функционира!

И, да!

Јас сум тука, и се уште сум жив.

Ти благодарам многу Боже мој и Господи!!!

Comments