Искушенијата од ѓаволот...


 




Искушенијата од ѓаволот



ѓаволот нема моќ и дозвола да доминира, да мами или да ја принудува човечката волја на грев. Тој само го искушува со разни трикови, имагинации и сеќавања, со сетилата, со слабостите на природата, со задоволствата, со помисли.

ѓаволот никогаш не му се појавува на човекот лице в лице, никогаш не се открива директно како непријател на човекот, туку се бори со него тајно, индиректно или преку зли луѓе, користејќи секакви ѓаволски средства, за да не се открие дека тој самиот ни посакува пад и загуба.

Тој е наречен искушувач и татко на лагата, бидејќи со искушенија и измамнички замки нè вовлекува во грев.

ѓаволот само ја притиска нашата волја, ги поттикнува страстите и физичките и духовните нагони на нашата природа, создава можности за грев, секогаш нè потсетува на нашите падови, но не му е дозволено и нема дозвола од Бога да не принудува на грев, затоа што тогаш ние не би имале никаква вина и никој не би можел да избега од нивните замки.

Но, ако човекот е болен по своја волја, ако се насладува со ѓаволските мамки и го прифаќа гревот, тогаш не е виновен ѓаволот, туку човекот.

Затоа Бог му поставил ангел чувар на човекот, да му помогне, му ја дал благодатта на Светиот Дух да го зацврсти, му поставил Црква, исповедник, односно бања за очистување на гревовите и духовник еден, да го откупи и посоветува. Затоа награда ако победи, или проклетство ако е поразен.

Бог му дозволи на ѓаволот да го искушува човекот, да го направи посилен во верата, за човекот да ја положи целата своја надеж само во Бога, а не во својата сила, и човекот да добие поголема награда од Бога.

Бог му дозволува на сатаната да го искушува човекот, но никогаш не му дозволува да донесе искушенија над силата на неговата вера (1. Кор. 10:13).

Бог дозволува само гордите и неверниците да бидат испитани од ѓаволот над неговите сили, да бидат понижени и да побараат помош од Бога.

Меѓутоа, на човекот му била дадена моќ да му се спротивстави на ѓаволот, да го победи и да го избрка од него (Еф. 6:1 1; 6:16; Јак. 4:7; 1. Пет. 5:9).


Старец Клеопа Илие

Comments