Отец, дали може во лагата да има вистина и во вистината лага...

 



Отец, дали може во лагата да има вистина и во вистината лага? - го запраша еден млад човек старецот.


Старецот му одговори:


- Прашај го коњот, тој нека ти каже.


Младиот човек се збуни:


- Не разбирам...што има тука да се прашува некаков коњ?!


- Како не разбираш? Па се знае дека коњот несака да пие нечиста вода - му кажа старецот.


- Да, и...?!


- Така е и со вистината и лагата. Лагата може во себе да сокрива и вистина, но што тоа вреди кога е како нечистата вода и не е за пиење.


Вистината,пак во себе не ја прима лагата и водата од нејзиниот извор е добра за пиење,зошто е чиста.


Ете, тоа ме научи коњот.


Младиот човек се насмеа и му заблагодари на старецот за поуката.

Comments