Зошто постојат тешкотии кои не спречуваат да ја постигнеме целта

 Учителу- праша ученикот-зошто постојат тешкотии кои не спречуваат да ја постигнеме целта,не оддалечуваат од избраниот пат,се обидуваат да не натераат да ја признаеме својата слабост?


-Тоа што ти го нарекуваш тешкотија - рече Учителот- всушност е дел од твојата цел.

Престани да се бориш со тоа.Само размисли за тоа и земи го тоа во предвид кога го бираш патот.Замисли дека гаѓаш од лак.

Целта е далеку и не ја гледаш,затоа што на земјата паднала густа магла.

Дали се бориш со маглата? Не,ти чекаш да дувне ветер и маглата да исчезне.

Тогаш целта е видлива,но ветрот го пренасочува летот на твојата стрела.

Дали се бориш со ветрот?Не,ти едноставно го одредуваш неговиот смер и ја подесуваш стрелата на малку подруг агол.

Твојот лак е тежок и цврст,ти немаш сила да ја повлечеш тетивата.Дали се бориш со.лакот? Не,ти ги вежбаш твоите мускули ,и секој пат посилно ја повлекуваш тетивата.

-Но,постојат луѓе кои гаѓаат од лесен лак по видливо ,мирно време-рече навредено ученикот.

-Зошто само мојата стрела се среќава со толку многу препреки на својот пат?Дали тоа светот се спротивставува на моето одење напред?

-Никогаш не ги гледај другите-се насмеа учителот.

Секој има свој лак,своја цел и свое време за погодок.Едни имаат за цел да го погодат центарот на метата,а други можноста да научат како са гаѓаат.

Учителот го спушти гласот и се наведна кон ученикот:

-Сакам да ти откријам страшна тајна ,момче.

Маглата не паѓа на земјата да го спречи твојот погодок,ветрот не почнува да дува за да го промени смерот на твојата стрела,цврстиот лак не го направил стрелецот за ти да ја сфатиш твојата слабост.

Сето тоа постои само по себе.
Ти си одлучил во тие услови прецизно да ја погодиш целта.

Затоа или престани да се жалиш на тешкотиите и почни да гаѓаш,или смири ја гордоста и избери полесна цел.

Цел,на која можеш да гаѓаш од близина. 


Comments