Имате многу проблеми во животот...

 


Имате многу проблеми во животот?


Еднаш едно несреќно момче дошло кај старецот и му рече дека има многу проблеми во животот,па го праша за совет.Старецот му рече да стави една шака сол во чаша со вода и да ја испие.


-Како ти се допаѓа? - праша старецот.

-Грозно е - исплука момчето.


Старецот се насмевна и потоа му рече на момчето да земе уште една шака сол и да ја стави во езерото.Отишле во тишина до блиското езеро и момчето фрлило шака сол во езерото.


Старецот му рече : Сега напиј се малку вода од езерото.

Додека водата течеше низ брадата на момчето,старецот го праша : Како ти се допаѓа?


Добро е-рече момчето.

Има ли вкус на сол? -праша старецот.


Не - рече момчето.


Учителот седна покрај напатеното момче ја зеде неговата рака и рече : 


Болката во животот е оваа сол,ни повеќе , ни помалку.Количината на болка во животот останува иста,потполно иста.Но,чувството на болка кое го доживуваме зависи од садот во кој ја ставаме.Затоа кога те боли,единствено што можеш е да го прошириш своето чувство за работите.


Престани да бидеш чаша.

Биди езеро...


Comments