Внимавајте да не кукате. Оптимизмот е плод на верата во Божјата љубов и заштита...


 


 

Внимавајте да не кукате.

Оптимизмот е плод на верата во Божјата љубов и заштита.


Еден просветлен монах велел: Внимавај сатаната да не ти ги стави црните очила на песимизмот и потоа да гледаш сè црно.

Внимавајте да не кукате.

Жалењето ги заморува оние што живеат во ваша близина и не му угодува на Бога затоа што тоа е неверување и во исто време неблагодарност.

 Денот започнете го со молитва и насмевка! Запомнете дека ова го правеле древните отци. Во огледалата на нивните лица напишаа Добро утро и Слава Ти Боже!

Тие знаеја како да живеат!

Зарем и тогаш немаа страдања, болести и сиромаштија? А сепак одлично се чувствуваа!

Беа сиромашни, но достоинствени, рече еден друг голем современ Старец.

Тие постојано го имаа во нивните усти и во нивните срца Бога!

Знаеја да се молат и да победат! 

Кога се вознемируваме тоа е како да му кажеме на Бога: Не се согласувам. Не ви оди добро! Потоа, тука е неблагодарноста!


Митрополит Неофит

Comments