Кога ќе добиете благослов од Старецот, не плашете се од ништо...


 


Кога ќе добиете благослов од Старецот, не плашете се од ништо



Кога ќе добиете благослов од старецот, не плашете се од ништо.

Кажа старецот, кажа Господ. Устата на Старецот е устата Христова кажа Свети Ефрем Катунакиски. Дали Старецот ти рече да не се плашиш? Не се плаши! Ако се сомневаш во она што ти го кажува Старецот, не си покорен, ти си контролор на Старецот.

Свети Ефрем Катунакиски продолжи вака:

Колку повеќе имаш почит, толку повеќе имаш самоодрекување, колку повеќе верба во твојот Старец, толку повеќе добиваш.

Во светот кога ќе умре еден татко што има богатство, сега да претпоставиме, сто драхми. И остава четири деца. На четирите деца ќе им се подели по дваесет и пет. Секој ќе добие по дваесет и пет драхми. Наследството на нивниот татко.

Во духовниот живот не е така, не. Човек има вера, почитување самоодрекување, почит кон својот Старец дваесет степени, дваесет степени ќе добие духовна моќ. Друг има два, ќе земе два, друг има осумдесет, тој ќе земе осумдесет.

Така вели Евангелието. Христос рекол: Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.(Матеј 10:41). Ова е духовното. Колку го почитувате Старецот...

Ова покајание што му го ставивте на Старецот, „благослови, Старче“, знаеш ли колкава моќ има? Не можете да  замислите. Кој поминал низ тоа, тој знае.

Немаш благослов да направиш чекор ако не добиеш благослов од Старецот. Кога ќе добиете благослов од Старецот, не плашете се од ништо. Покајте се, бакнете ја раката на својот Старец и оди и биди астронаут на Месечината; не плаши се, зашто молитвата те покрива, послушноста те покрива.


Comments