Молитва против стравот...


 


Молитва против стравот 



 Спаси ме, Боже мој, од стравот што ме понижува и срами како Твое создание.  Нека не ме плаши ниту денот ниту ноќта;  зашто Твој е денот и Твоја е ноќта.  Нека не ме плаши ниту планина ниту вода;  зашто Ти ги создаде планините и си постави граници на водите.  Нека не ме плаши ниту ѕверот на планината, ниту ѕверот на водата;  затоа што сите ѕверови се Твои Господи.  Нека не ме плаши ниту сон во ноќта, ниту привидение во денот;  затоа што твојот Ангел стои на мојата десна страна.  Да не ме исплаши ни Твојот невидлив противник, Вечен Боже;  зашто си го победил со Твојот чесен Крст.  И да не ме плаши смртта, семоќен мој Христе, зашто смртта си ја убил со смрт, а со своето Воскресение си го осветлил целиот свет како со седумкратна светлина.

 Стравот ме следи како сенка.  Напладне исчезнува како сенката на дрвото.  Кога сонцето изгрева високо над сите предмети на земјата, тогаш сенката исчезнува.  Кога сонцето е на својот исток или запад, пониско од високите планини, тогаш сенките се најдолги.

 А Ти, Господи мој, кога си понизок во моите очи од сите земни височини, околу мене се собираат сенки долги и темни и го плашат моето срце.  И кога Те гледам возвишен над сите височини, сенките исчезнуваат и стравот ме напушта.

 О, Светители Божји, молете се за мене, грешникот, за да се спасам од стравот на безумните.

 Ангелу Божји, милостив молитвенику, стави многу темјан во Твојата златна кадилница и твори молитви за сите богобојазливи луѓе и за мене грешникот.

 Слава на Оној што седи на вечниот престол на славата, слава Нему во вечни векови.


  Амин


Свети Николај Велимировиќ 


Comments