Во тешки времиња, кога сите напори пропаѓаа...


 



Во тешки времиња, кога сите напори пропаѓаа...




Во тешките моменти, кога пропаднаа сите обиди да ги усогласам настаните од мојот живот со евангелското учење, ми се случи да се молам на следниов начин:

Дојди и Боже и сам изврши ја Твојата волја во мене. Твоите заповеди не се вклопуваат во моето тесно срце, и мојот ограничен ум не ја сфаќа нивната содржина.Ако не успееш да живееш во мене, тогаш неизбежно ќе бидам одведен во темнина.

Знам дека не постапуваш со сила, но Те молам: Дојди со власт во моето тело и прероди ме целиот. Претвори ја мрачната темнина на мојата гордост во Твојата скромна љубов.

Преобрази ја со Твојата Светлина во мојата расипана природа, за да не остане во мене никаква страст способна да го попречи доаѓањето на Твојот Отец.

Направи ми живеалиште во тој свет живот, кој Ти самиот ми дозволи делумно да го вкусам...Да Господи, Те молам, не ме лишувај од овој знак на Твојата добрина.


Свети Софрониј Сахаров 


Comments